Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас тврди дека преговорите меѓу МПЦ и Вселенската патријаршија траат веќе една година, пренесува ПлусИнфо.
Во интервју за грчка телевизија, Никос Коѕијас објаснува дека подолго време се разговара за признавање на Македонската православна црква под името Охридска архиепископија и дека Грчката црква не треба да се меша во тоа прашање.
Коѕијас вели и дека би требало да им се даде награда на луѓето од Скопје за размислувањето и за храброста, одново да се вратат на традиционалното и непровокативно име, Охридска архиепископија.