По мое видување владата требаше да поразговара со директорите на банките уште пред да се воведат било какви мерки. И без да се донесеше било каква уредба, банките ќе мораа да превземаат одредени акции затоа што ниедна банка не можеше да остане на истите услови што ги дала, било да се работи за стопанството, било да се работи за граѓаните, рече дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
Како личност која долго време работел во банкарскиот сектор, Кочоска во емисијата “Клик Плус“ на Тв21 додаде дека Македонија има здрав банкарски систем а и дека банките имаат одлична ликвидност, и поради тоа државниот врв требаше да направи напори и да разговара со банкарските претставници со цел да се олеснат банкарските услови, како на пример намалување на процентот на каматите. Според нејзиното видување, тој терет од намалувањето на каматите да паднеше на грбот, на пример, на државата.
–Да не заборавиме, имаме здрав банкарски систем, одлична ликвидност кај банките. И требаше сите заедно да поразговараат како да се надмине сето ова полесно. Во исто време, ја слушав јас и министерката кога зборуваше, точно е дека банките не можат да се откажат од своите камати, затоа што во исто време тие имаат и трошок. Никој од луѓето кои што во моментот штедат не се откажат од својата камата. Банките работат со пари, тоа е нивниот произвот. Е сега во однос на тоа дали можеби имаше простор да се намали мал процент од таа камата, па да дојде на терет дали на државата, дали банките ќе понесат терет, велам дека можеби требаше државниот врв да направи разговор со банките, рече Кочоска.