По објавување во јавноста на името на Гордана Димитриеска Кочоска како заменик министер за финансии на предлог на ВМРО ДПМНЕ, Курир направи кратко интервју со Кочоска.
Ја прашавме за коментар за предлогот на претседателот на партијата Христијан Мицкоски и како таа гледа на работите, пишува Курир.
Точно. Претседателот Мицкоски ми понуди да бидам дел од техничката Влада која треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори. За мене преставува чест, но и огромна одговорност во едни вакви тешки времиња за Македонија, пред се за граѓаните, за македонската економија и бизнис да се влијае на макроекономските текови. Економијата има сериозни проблеми со задолженоста, со ликвидноста, реализацијата на капитлните инвестии, но јас верувам дека со посветеност, стручност и професионален пристап, како и преку мобилизирање на научната и стручната фела и преку уважување на барањата од реалниот бизнис сектор може да се влијае на промени кои ќе донесат стабилизација и поголема сигурност, вели Димитриеска Кочоска.
Таа смета дека потребно е да се прикаже нов начин на работа, каде ќе се даде предност на квалитетот.
Никогаш во животот не сум бегала од предизвици и верувам дека со моето минато искуство од приватниот и државниот сектор можам да придонесам многу повеќе кон она што претставува наша заедничка цел. Да оставиме да се официјализира предлогот и нормално веднаш потоа да се започне со работа, вели Димитриеска Кочоска.