Го гледам Венко Филипче како својата неспособност да се справи со кризата ја крие со мене, со оправдување дека моето блокирање на кредитот довело до оваа ситуација и тоа три месеци откако јас не сум во Владата и девет месеци откако знаеше дека ќе има есенски бран, пишува Гордана Димитриевска Кочоска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук.
Неспособен министер за смрт, многу добро сте запознаен со Законот за Влада на Република Македонија којшто кажува дека во случај кога има несогласување помеѓу министерот и техничкиот заменик министер се бара мислење од ДИК. Тука ја приложив и одлука на ДИК па народот нека види дека МОЈОТ ПОТПИС, по закон НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН. А вие одговорете зошто ВАШАТА министерка и покрај тоа што имаше право, а и време да го потпише кредитот, го одби и не го потпиша, вели Димитриеска-Кочоска, обраќајќи се до министерот Филипче.
Таа додава дека мислела дека еден универзитетски професор, неврохирург, како што вели, ќе има барем малку достоинство и ќе престане да се крие зад неа, а ќе се бори со најголемиот предизвик којшто го имаме денес.
Ама, после овие неколку месеци се разочарав тотално од вас, не како министер (одамна се имам разочарано) ама и како проефесионалец кој својата неспособност ја префрла врз некој којшто врска нема со целата оваа ситуација. Министер кој е професионалец ќе искористеше до сега од таа 1,1 милјарда евра кои ги потпишав за да се бори против короната. Ама како што кажав, способен и квалитетен професионалец. Вие не сте ни едното ни другото. И сега немате некој нов Наќе или Гордана да биде изговор за вашата неспособност. Со други зборови ја оплескавте, потенцира Димитриеска-Кочоска.
И не ќе беше тоа толку страшно, вели таа, доколку таа ваша неспособност денес не се плаќаше со животите на луѓето кои се губат катадневно, а одат на вашата нечиста совест.
Ако имате грам морал, како што сум убедена дека немате, наместо да ситните статуси за Гордана земете пенкало и напишете си ја вашата оставка. Што побрзо тоа подобро. Што поскоро, тоа повеќе луѓе ќе се спасат од вашата неспособност, му порача Димитриеска-Кочоска на Филипче.