Македонија 27. јули 2018. / 14:02

Кочо Анѓушев вработува, за минималец од 12 000 денари

Кочо Анѓушев вработува, за минималец од 12 000 денари

Бизнисменот, стопанственик и моментално вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев вработува.

Имено овој човек кој е прогласен за 5-ти најбогат Македонец преку неговата фирма Брако нуди работа за цели 12.200 денари.

Од огласот што е објавен преку Агенцијата за вработување на 26.07.2018 година, Анѓушев бара магационер кој би работел на определено време за минимална плата од 12 илјади денари со полно работно време од 8-16 часот.