Македонија 08. ноември 2018. / 14:10

Кочо Анѓушев вечерва во “Само вистина” на Канал 5

Кочо Анѓушев вечерва во “Само вистина” на Канал 5

Во вечерашната емисија “Само вистина” на Канал 5 телевизија ќе има уште едно интервју, овој пат со еден од најбогатите владини челници. Првиот кој се откажа од функционерската плата, вечерва ќе седне на пултот да ја слушнеме и неговата вистина, на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Што се случува со ФЕНИ, постојат ли реални скандали или пак одредени лица работат да го урнат неговото реноме? Зошто постојано се нотира неговата релација со ФЕНИ во негативна конотација, кој стои зад тоа, има ли име и презиме евентуалниот конспиратор?

Случајно или намерно, врз имињата на неговите фирми одекнуваат опозициските но и поединечни обвинувања за „судир на интереси“. А која е неговата страна на приказната?

Точно ли е дека неговата ЕДС ги судри Грчката власт и опозиција?

Како ги доживува промените во ВМРО-ДПМНЕ, има ли контакти со раководството?

Стопанството реагира, со прогресивниот данок се задава  удар на бизнис секторот и развој на сивата економија. А што мисли тој?

Како гледа на бурните реакции на националните ТВ станици во однос на пиратеријата на дел од кабелските оператори? Дали пиратеријата и медиумските закони се камен на сопнување на патот кон ЕУ и НАТО?

Како знаеше дека Северна Македонија ќе биде предлог за новото име на нашата земја?

Кој ја оплеска работата со автопатот Кичево-Охрид, и кој и дали ќе ја оправи ?

Како е ставот на бизнисменот Кочо Анѓушев за актуелната политичка состојба, а особено за економските политики на Владата?

Се согласува ли дека актуелната влада изигра класичен all-in, фрлајќи се на една карта – договор со Грција?

До кога народната „трпение-спасение“ треба да го теши гладниот македонски народ, вечерва на местото каде се говори „Само Вистина“, ќе одговара Кочо Анѓушев, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.