Македонија 04. јануари 2021. / 22:39

Коцарев: Светската славистика одамна ја признала посебноста на македонскиот јазик

Коцарев: Светската славистика одамна ја признала посебноста на македонскиот јазик

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, во интервју за ТВ Телма, вели дека Денот на светите браќа Кирил и Методиј – 24 Мај треба да го одбележуваат повеќе држави, не само Македонија и Бугарија, туку и сите словенски држави и народи.

-Македонскиот јазик има повеќедневна традиција, формиран е пред формирањето на државата Македонија, а се зборува надвор од границите на денешна Македонија. За посебноста на македонскиот јазик веќе поодамна се изјаснила светската славистика, не македонската или бугарската, вели Коцарев.

Тој додаде дека заедничките чествувања се европски и цивилизациски придобивки, па затоа треба да се прават врз еднаква основа со почитување на различните перцепции и без наметнување на сопствениот наратив врз наративот на другиот и без повреда на достоинството на Македонците со условувње и уцени.