Македонија 09. март 2020. / 22:15

Клубот на млади лекари со осуда до заразената докторка: Ова е лош пример за непрофесионалност

Клубот на млади лекари со осуда до заразената докторка: Ова е лош пример за непрофесионалност

Очекувавме дека како медицински кадар посветен на здравјето и на првите борбени линии и во најкризните состојби, ќе бидеме меѓу првите заболени со COVID-19 вирусот. Но не очекувавме дека токму некој од фелата, ќе биде лош пример за непрофесионалност, наведуваат од во Фејсбук статус од Клубот на млади лекари.

Клубот на младите лекари ја осудува постапката на директорката на Клиниката за кожни заболувања, која што со своето несовесно и неодговорно однесување ги загрози животите на граѓаните и колегите.

-Иако Клубот смета дека мерките на Министерството за Здравство во пракса се прокламативни и само протоколарни и бараат ревизија, апелираме секој од нас во еснафот да постапува според етичкиот кодекс и медицината базирана на докази. Очекуваме лекарите да покажат врвна етика и професионалност и да бидат пример за граѓаните. Од Министерството за здравство не сме добиле јасни и прецизни насоки, додека заштитната опрема и сапунот се со поминат рок. Системот е нефункционален, но време е за организација и правилни постапки- наведуваат оттаму.

Клубот на Млади Лекари ги нуди сите расположливи ресурси на Министерството за Здравство за надминување на состојбата и зачувување на здравјето на граѓаните.

-Ги повикуваме надлежните во Министерство за здравство да постават јасни и прецизни протоколи за постапување во случај на контакт на персоналот со заразено лице- наведуваат оттаму.