Поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, на 21 јули од страна на Државниот пазарен инспекторат беше затворен ноќниот клуб „Аватар“ од Струмица. Затворањето и кривичната пријава следеа по бурните реакции во јавноста на фотографиите и видеата од преполниот клуб.
Клубот, сепак, беше затворен, но пред два дена на „Фејсбук“ беше најавен „викенд кој не смее да се пропушти“.