Македонија 29. август 2020. / 14:04

Кланот Маричиќ се повлекува од судството – за синот да стане министер!

Кланот Маричиќ се повлекува од судството – за синот да стане министер!

Момир Маричиќ, обвинител во Вишото Јавно обвинителство во Скопје и татко на кандидатот за министер за правда доставил барање за пензионирање веднаш по објавување на името на неговиот син за кандидат за министер, објави Цивилмедиа.мк.

Исто така, сопругата на Бојан Маричиќ нема да биде повеќе шеф на кабинет на министерот за правда и во наредниот период преку мобилност во службата ќе биде префрлена во друга институција.