Академик Катица Ќулавкова на нејзиниот твитер профил објави фотографија од книгата Антологија на современите македонски поети, приредена од академик Георги Старделов, издадена во 1998 година од Бугарскиот ПЕН центар.
Изданието, како што пишува Ќулавкова, не само што е преведено на бугарски јазик, туку некои песни се заменети со други заради непремосливи проблеми при преводот од македонски јазик.
– На писателите им се јасни разликите меѓу двата јазика, напиша на Твитер, академик Катица Ќулавкова.
1998 Бугарскиот ПЕН објави Антологија приредена од Г Старделов и напиша дека не само што таа е преведена на бугарски јазик, туку некои песни се заменети со други поради непремостиви проблеми при преводот од македонски јазик. На писателите им се јасни разликите меѓу двата јазика. pic.twitter.com/gsRgYGHTOo
— Katica Kulavkova (@kkulavkova) December 13, 2019