Македонија 20. март 2019. / 21:22

Ќулафакова: Не е во ред да може да има Албански Театар а да не може да има Македонска академија на науки и уметности

Ќулафакова: Не е во ред  да може да има Албански Театар а да не може да има Македонска академија на науки и уметности

Грешките на политичарите можат да се исправат но грешките на народот нема да може да се исправат никогаш, порача во врска со промената на името академик Катица Ќулафокова на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Академик Ќулафкова објаснувајќи зошто била дел од огромниот број луѓе кои што го бојкотирале референдумот за промена на името вели дека на оваа тема се говорело со децении и таа очекувала дека политичарите ќе ја преземат одговорноста и по цена на своите кариери ќе го затворат тешкото прашање без да го инволвираат народот.

Зборувајќе за последиците Ќулафкова укажа на проблемот со МАНУ која ќе треба да го промени своето име за да задоволи не само барања поставени од Грција туку и како резултат на Тиранската платформа.

Таа ја критикуваше позицијата на владата според која сите национални институции каде што има Албанци не смеат да се нарекуваат Македонски.

Соред неа не е во ред во земјата да може да има Албански Театар, Турска драма а да не може да има Македонска академија на науки и уметности притоа упатувајќи на опасноста МАНУ да се подели на етничка линија за да може да ја задржи придавката „Македонски.“

Академикот вели дека иако МАНУ има неколку стратешки документи и позиции за важни прашања владеачките елити речиси никогаш не ја консултирале академијата при носење на важни одлуки ниту ги прифаќаат советите на интелектуаците.

Во врска со македонскиот јазик таа вели дека тој веќе беше опфатен од Обединетите Нации и дека сега со Преспанскиот договор добивме додавка на јазикот како јужнословенски што не е практика во светот за ниту еден друг јазик.

За законот за јазици вели дека во Македонија е направен преседан затоа што во Европа се разликуваат службени, регионални и малцински јазици а само кај нас има закони за два службени јазици кои ќе предивикаат последици при имплементацијата.

Според неа не е природно за спроведување на албанскиот јазик да има инспекторат а за македонскиот да нема механизам кој ќе ја контролира употребата на службениот јазик, иако лично таа не е за државна контрола на јазикот.

За академик Ќулафкова термините мултикултурна или мулиетничка држава се концпети кои што се полоши од интеркултурна држава кој што е нејзин личен избор.

Анализирајќи сите трендови во овој дел од јавниот дискурс јавно прашува дали дали одиме кон губење на унитарноста на Македонија.

Во врска со очекувањата на граѓаните од Шарената револуција Ќулафкова вели дека очекуваните промени не дојдоа, затоа што двете владечки партии СДСМ и ДУИ како константа во македонската влада, многу ноншалантно се однесуваат кон барањата искажани на протестите против предходната власт.

Оваа власт фингира одредени процеси и се сврте кон штетни проекти како Преспанскиот договор и Законот за јазици кои што не се широко прифатени од граѓаните и предизвикаа дополнителни поделби.

Луѓето гласаа за промена во смисла на демократија и подобар живот а не за промена на идентитетот на македонскиот народ, вели Академик Ќулафкова која што смета дека пред две години излеговме од еден режим а сега влегуваме во друг.

Академикот Ќулафкова која е првопотпишана на иницијативата на 27 интелектуалци вели дека ја поддржала професорката Гордана Силјановска Давкова како кандидат за претседател на државата поради нејзината академска стручност, врвна меѓународната кариера и етаблираност и нејзините принципиелни позиции.

Смета дека на овие избори има добри кандидати за претседател потенцирајќи го професорот Блерим Река, кој што е кандидат на Алијансата за Албанците и на Беса.