Македонија 05. февруари 2019. / 18:05

Ќе се отстранува железната ограда околу Влада

Ќе се отстранува железната ограда околу Влада

На денешната владина седница е одлучено да се отстрани железната ограда околу Владата со цел, како што e наведено на фејсбук-страницата на Владата, целосно да се ослободи јавниот простор околу објектот и да стане подостапен за користење од страна на граѓаните.

Премиерот Зоран Заев рече дека прво што ќе направи кога ќе дојде на власт, е тргање на оградата и дека ќе размислел да направи клупи од неа.