Македонија 24. февруари 2020. / 18:56

Ќе се формира кризен штаб за справување со коронавирусот

Ќе се формира кризен штаб за справување со коронавирусот

Ќе се формира  кризен штаб  во рамките на Министерството за здравство, кое  ќе ги координира сите активности на сите јавни институции  за справување со коронавирусот. Ова е една од одлуките донесена денеска, од страна на Центарот за управување со кризи, каде денеска  се одржа вонреден состанок на кој се разговараше  за состојбата и опасноста од коронавирусот во Македонија.

Министерот за здравство Венко Филипе изјави дека со овој кризен штаб ќе се координираат активностите со сите институции и ќе има секојдневна комуникација со медиумите. Ќе има засилена контрола на сите гранични премини на патниците кои доаѓаат од критичните региони во северна Италија, обезбедување простор за изолација на патници во неколку медицински центи низ земјава

Патниците кои ќе доаѓаат од критичните региони во северна Италија ќе се упатуваат и пропуштаат само на неколку гранични премини – Богородица, Блаце, Деве Баир, Табановце и Ќафасан со цел да биде што поконцентирана контролата. Патниците, пак, кои денеска со два лета од Милано пристигнуваат во Скопје и во Охрид ќе бидат детално инервјуирани, прегледани и по потреба тестирани.

Обезбедени се простори за изолација на патници кои треба да бидат мониторирани 14 дена, и во прво време тоа ќе бидат инфективните одделенија во Штип, Велес и Гостивар, кои ќе бидат обезбедувани од полицијата.

Тој апелираше , граѓаните да се воздржат од патување во Северна Италија, а во тек  на утрешната седница на Владата,  да  се донесе одлука  да се одложат сите организирани посети во Италија од  страна на државните институции.

Резултатите од тестирањето направено врз тројца работници за присуство на коронавирус се негативни, но тие ќе останат под надзор. Работниците допатувале од Кина, а работат на автопатот Кичево – Охрид. Засега беа изолирани во село Извор во Кичево.

По сотанокот беше информирано дека во критичните предели на Северна Италија  каде живеат и македонски државјани, засега нема заболени со коронавирус.

Во Италија смртоносниот вирус ја зема веќе седмата жртва, а во регионот на сила стапија и дополнителни мерки како превенција од ширење на овој вирус. Соседна Србија ги забрани екскурзиите за сите училишта.