Македонија 26. септември 2019. / 18:44

Ќе има трансфер на административци во приватниот сектор

Ќе има трансфер на административци во приватниот сектор

Државата ќе ги прекфалификува административците за приватниот сектор или компаниите ќе добиваат субвенции за преземен работник.

Министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски најави дека до крајот на годинава треба да заврши реорганизацијата на државната администрација. Со неа е предвидено да се намалува бројот на административци некаде, некаде да се зголемува, а ако е потребно и да се затворат некои институции.

На службениците кои не ги извршуваат ефикасно своите задачи ќе им биде понуден трансфер во приватниот сектор и поголема плата, а одлуката ќе ја носат самоволно – вели Манчевски.

Според Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски, новите законски измени за админситрација имаат недостатоци кои ќе треба да се корегираат.