Директорот на телевизија Телма, Атанас Кировски со остри критики до властите поради занемарувањето на националните телевизии и незаштитутањето на македонскиот продукт, преку дозволување на пиратски канали од регионот, преку кабелските телевизии, да се емитуваат кај нас.
– Во македонскиот етер изминативе 15-ина години постојано се форсираше реемитување на регионални канали од Србија, Хрватска и Босна. Од регионот се емитуваат 12 спортски канали 6 арени, и 6 спорт клуба. Десетици специјализирани филмски канали, се што емитува на српско-хрватски од турбо-фолк, до вести. Најмалку половина од тие канали пиратираат во Македонија. Но, никој ништо не им можеше на кабелските кои го пиратираа тој контент, затоа што имаа заштита од македонските влади. Претходната влада 11 години не го заштити македонскиот продукт, и не сакаше да слушне за спречување на пиратеријата. Секаде во Европа се реемитуваат 10-ина канали на основните пакети за кабелска -кај нас преку 100 !!!! Нема друг таков пример во свет ! Е таа политика доведе Македонија во телевизиските права да биде ситно кусурче на правата за Екс Југославија и безмалку сите спортски натпревари да ги гледаме на српски канали. Сега кога Арена ги купи правата за Светското првенство во ракомет за територија на БИВША ЈУГОСЛАВИЈА -граѓаните реагираат, а посебно ми се смешни вмровците кои пишуваат за некакво предавтсво ???? Што направи владата на ВМРО на ова поле нека кажат ! Некои викаат било срам за македонските национални телевизии?! Епа после 15 години вакви политики, на сардисување на македонските национални телевизии и форсирање на програмите од братските ни републики нормално е во светот да не третираат како Република Српска 2, и правата за Македонија да не се продаваат како за самостојна држава-туку тоа да биде во некој пакет на екс ЈУ. Од аспект на она што ни се случува во етерот, мислам дека не е коректно да се смени името БИВША ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, затоа што е многу точен одраз на она што ни се случува. – напиша Кировски.