Македонија 06. март 2019. / 13:00

Кирацовски: Зад Пендаровски застанавме над 60 пратеници

Кирацовски: Зад Пендаровски застанавме над 60 пратеници

Повеќе од 60 пратеници ја поддржаа претседателската кандидатура на Стево Пендаровски, соопшти генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски.

Според Уставот, кандидат за претседател може да предложат најмалку 30 пратеници или 10 илјади граѓани.

Кирацовски најави дека од утре ќе се собираат потписи за поддршка на кандидатурата. Тој рече дека на Македонија и е потребен претседател како Пендаровски, а не како Иванов чие време за среќа завршува.

Зад кандидатурата на Пендаровски, покрај СДСМ и ДУИ застанаа и другите партии кои се дел од парламентарното мнозинство кое брои моментно 68 пратеници.