Македонија 09. октомври 2019. / 14:02

Кирацовски за Канал 5: Досега никој oд обвинителството ме нема контактирано за „Рекет“

Кирацовски за Канал 5: Досега никој oд обвинителството ме нема контактирано за „Рекет“

Пратеникот и функционер на СДСМ, Александар Кирацовски, чие име во изминатиот период се поврзуваше со активностите кои се предмет на истрага во случајот „Рекет“, за Канал 5 тврди дека тој не е функционерот кој е опфатен со проширувањето на истрагата.

Немам никаква врска со тоа. Досега никој ме нема контактирано за таква работа – вели Кирацоски во одговор на прашањето на Канал 5, дали Обвинителството го контактирало откако објави дека ја проширува истрагата за „Рекет“.

Јавното обвинителство соопшти дека истрагата се проширува за пет лица и едно правно лице. Меѓу новоосомничените, како што се вели во соопштението, е и функционер, кој „заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“.