Македонија 11. октомври 2018. / 12:12

Кирацовски со честитка за 11 Октомври

Кирацовски со честитка за 11 Октомври

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, по повод денешниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

„На 11 октомври 1941 година нашите предци ја започнаа битката за слобода, а подоцна, преку АСНОМ ги поставија и темелите на македонската државност. Низ антифашистичката борба Македонија и нејзините граѓани од различни верска и етничка припадност дадоа свој придонес во победата над фашизмот“, наведува Кирацовски во честитката.

Додава и дека со својата храброст и одлучност, борците во антифашистичката борба го трасирале патот кон слобода, еднаквост и напредок.

„Заложбата на нашите предци за слобода и независност, денес е заложба на сегашните генерации за интеграција во ЕУ и НАТО, за рамноправност со демократскиот и развиен свет, онаму кадешто вистински и вредносно припаѓаме“, нагласува генералниот секретар на владејачката партија и повикува да се реализираат децениските заложби за слободна демократска и развиена држава – партнер на регионот и светот.