После објавата на Милошоски, се огласи и Кирацовски на социјалните мрежи.
– Што треба да знаете за Антонио Милошоски?
1. Дека најверојатно го презел аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ ☺;
2. Дека во неделата бил во мојата Битола и го барал Избирачкото место каде гласам;
3. Дека го погрешил, исто како што погрешно ги израдувал своите сопартијци дека победиле во I круг од претседателските избори.
Почитуван колега, јас не живеам во нас. Стрелиште, туку во центар, а гласам во ИМ/71 каде Стево Пендаровски освои 126, а Силјановска 97 гласови.
*Има разлика – Победивме и во моето ИМ и во првиот круг од изборите, а после резултатите од II круг, Стево ќе биди идниот претседател на нашата Македонија. Тоа кажува многу!
p.s. Батали аналитика ☺, му порача Александар Кирацовски, шефот на изборниот штаб на победничкиот кандидат Стево Пендаровски, на Антонио Милошоски.