Александар Кирацовски, шефот на изборниот штаб на кандидатот за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, за 24 Вести пред одржувањето на Изборната конвенција во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје озјави дека тие ќе ја однесат победата дури и ако има бојкотирање од одредени структури во вториот круг од изборите на 7 мај.
– Знаеме дека првиот круг ќе биде се како што треба, но не очекуваме дека некој ќе бојкотира во вториот круг како што се шпекулира. Но, дури и некој да го поттикне тоа, ние ќе најдеме начин како да се исполни цензусот. Заедно со граѓаните и со Пендаровски ќе создадеме доволна бројка на излезност – рече генералниот секретар на СДСМ.
Пендаровски ќе биде модератор на денешната Изборна конвенција, а гости кои ќе говорат ќе му бидат Зоран Заев, Имер Селмани и Ана Чупеска.