Македонија 10. јуни 2019. / 21:00

Кирацовски ќе им ја даде платата на пожарнкарите кои го гаснеа пожарот во зградата во Кисела Вода

Кирацовски ќе им ја даде платата на пожарнкарите кои го гаснеа пожарот во зградата во Кисела Вода

Во стан во зграда во Кисела Вода, на улицата „Народни хероид“ денеска избувна пожар, а брзата реакција на пожарникарите придонесе се да заврши во најдобар ред. Поради тоа, пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски се огласи на Фејсбук и икажа дека своите месечни примања ќе ги даде за пожарникарите – херои.

– Брзата реакција, организираноста на противпожарната единица на Град Скопје која денес успешно се справи со пламените јазици од пожарот настанат во зградата во Кисела Вода (во чија близина привремено престојувам и јас со своето семејство), треба да биде пример за посветеност, пожртвуваност кон својата работа во служба на граѓаните, за многу општествени истакани личности, како и за вработените во сите институции.

Хероите – пожарникари, кои неколку часа се справуваа со настанатиот пожар, спасија повеќе животи, ставајќи го својот во ризик.

Тоа мора да се поздрави и да се награди, за да се поттикне како пример на однесување за сите нас.

Во таа насока, како пратеник во републичкото Собрание, изјавувам дека за ПОЖАРНИКАРИТЕ – ХЕРОИ, во форма на награда ги издвојувам моите месечни приходи.

Истовремено ги повикувам сите кои се во можност да го сторат истото во најразлична форма за овие хумани луѓе, но и за семејствата чиишто станови се зафатени од пламенот на настанатиот пожар.

Хуманоста пред се! – напиша Кирацовски.