Пратеникот Александар Кирацовски, кој синоќа беше сменет од позицијата генерален секретар на СДСМ, во отвореното писмо со кое се обрати до јавноста и му се заблагодари на премиерот Зоран Заев и на соработниците. Писмото го искористи да и за обрати и на сопругата. Тој и се заблагодари и на својата сопруга Гордана, која останала со него и во најтешките моменти.
–И благодарам на сопругата и семејството за големата, огромна поддршка и поднесувањето на тешките, неправедни моменти кои доаѓаат од функцијата, која често пати знае да биде неблагодарна – напиша тој на социјалните профили.
Во август минатата година медиумите објавија дека Кирацовски си ја вработил својата фризерка во МЕПСО за плата од 43.900 денари.