Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е избран за шеф на Изборниот штаб за претстојните претседателски избори.
Политичките партии имаат обврска пред граѓаните и државата да дадат свој придонес кон фер и демократски предизборен и изборен период.
Во Република Северна Македонија ќе има кристално чисти фер, слободни и демократски избори.
На фер и демократски избори ќе победи Стево Пендаровски, кандидат за вистински претседател на сите граѓани.
Победата на Стево Пендаровски ќе биде уште една победа на концептот едно општество, победа на напредокот, развојот и интеграцијата, се вели во партиското соопштение.