Македонија 03. февруари 2020. / 13:46

Кирацовски го тужи Арсовски за поставени прашања за „Рекет“

Кирацовски го тужи Арсовски за поставени прашања за „Рекет“

Денеска во 12:30 имаме подготвително рочиште по тужба од страна на пратеникот и поранешен генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, упатена кон мене заради за нас смешни причини-упатени прашања од моја страна, јавно на прес конференција, кон пратеникот Александар Кирацовски, по негова дадена изјава откако излезе од распит од судот. Прашања кои што ја интересираат целокупната јавност, верувам дека се уште ја интересираат, бидејќи не се одговорени, изјави денеска портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, пред скопскиот суд.

Според него, Кирацовски практично и во негова изјава самиот на некој начин потврдил дека се што е добро за неговиот град, тој е подготвен и е негова обврска да лобира во рамките на законот и да посредува за проекти за доброто на граѓаните.

-Морам да истакнам два моменти. Најпрво, срамно е да се тужи за упатени прашања. Но, ние сме тука, ние сме одговорни, ние сме чесни, ние сакаме да се дознае вистината. Затоа денеска сме тука, на некој начин да ја изнајдеме вистината на суд. Вториот момент кој што мора да го напоменеме е дека Александар Кирацовски во некое друго време и со некој друг јавен обвинител, кој што нема да биде сервилен на власта, како што е Вилма Русковска на која што треба меѓу другото до крајот на животот да и пали свеќа и да се моли за нејзе, немаше да биде во судовите во својство на сведок за случајот „Рекет“ , туку најверојатно ќе беше во некое друго својство, изјави Арсовски.

Тој уште еднаш ги повика медиумите и граѓаните да го следат случајот.

-Се уште, нормално, го повикуваме и Кирацовски да ги одговори истите прашања, кои што беа поставени претходно. Тие се добро познати која е неговата инволвираност во случајот „Рекет“. Во однос на правосудниот систем, иако во моментов обвинителството и судството се сервилни кон актуелната власт, верувам дека за многу брзо ќе се смени тоа и граѓаните ќе можат на некој начин да ја најдат својата правда во судовите, наместо како што во моментов се потекнува од „Илинденска бб“, односно од главата на криминалниот октопод, Зоран Заев, потенцираше Арсовски.