Александар Кирацовски од СДСМ се огласи преку „Фејсбук“ и му упати порака на новинарот Бранко Героски.
Обично не коментирам ординарни глупости, но очигледно дека понекогаш и мора. ?
Вие, г-не Геровски не ме “амнестиравте” туку сфативте дека не ви држат, дури ни паушалните наводи, во врска со мене, што е огромен пропуст во вашето новинарско искуство доколку и воопшто се занимавате со професионално новинарство…
Но, она што гледам е дека јавноста не ве амнестира Вас, за сите измислици кои ги изнесовте во вашите текстови, за кои потоа моравте да ретерирате и да се повлекувате, пишува Кирацоски.
Тој му порачува на Героски да се сети на она што како што вели го изнапишал пред една година…
Ни сам повеќе не верувате во тоа, додава Кирацовски.
Од сите паушални измислици кои ги изнесовте тогаш, денес нападот ви се сведе на аргумент за закажана официјална и транспарентна средба на која сум бил присутен и на која впрочем и ништо не се случило, а за која лично ги известив надлежните инстанци во овој случај…?
Јако истражувачко новинарство!!
Постапката за среќа брзо тече и јавно ќе ве демантира за многу работи, но и ќе ја расчисти дилемата за вашите намери да се впуштите во авантурата која ве симна во очите на читателите.
На лажните вести, конечно им доаѓа крајот!, му порача Кирацоски на Героски.