Македонија 05. септември 2019. / 09:25

Кирацовски денеска на распит за „Рекет“

Кирацовски денеска на распит за „Рекет“

Поранешниот генерален секретар на СДСМ Александар Кирацовски денеска ќе даде исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал за случајот „Рекет“.

Кирацовски неофицијално беше споменуван како близок пријател на Бојан Јовановски, на што неколкупати ги повика институциите да го расчистат случајот докрај.

Вчера во Обвинителството, во својство на лице од кое може да се добијат посебни известувања, исказ даваше пратеничката од СДСМ Фросина Ременски, за случајот „Рекет“ и Меѓународниот сојуз каде е почесен претседател.