Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, преку видео обраќање, ја честита препораката за почетокот на преговорите за членство во Европската унија. Тој истакна дека оваа добра вест е пред се заслуга на граѓаните.
Имаме чиста препорака за почетокот на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ! Им честитам на сите наши граѓани. Затоа што ова пред се е нивна заслуга. Почитувани ова е ваша заслуга. Заедно успеавме. Ова е значаен успех за Република Македонија која по долги години повторно се враќа на евроинтегративниот пат, на напредокот, на реформите за подобро утре. – рече Кирацовски.
Според Генералниот секретар на СДСМ, со препораката се потврдија исправноста и успешноста на политиките на Владата.
Позитивниот извештај на Европската Комисија и дадената препорака за членство претставува дополнителен импулс во натамошното спроведување на зацртаните реформи, на мерките за подобар живот, во интерес на Македонија нејзините граѓани. – додаде Кирацовски.