Со финансиска поддршка од Народна Република Кина ќе бидат поделени околу 300 прехранбени пакети во општините Кичево, Битола и Ресен.
Станува збор за донација од Амбасадата на НР Кина наменета за лица од социјално загрозена категорија на граѓани од овие општини, погодени од пандемијата на Ковид-19, информираат од кабинетот на министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми, Музафер Бајрам.
Како што се наведува во соопштението, министерот Бајрам остварил работна средба со амбасадорот на НР Кина, Џанг Ѕуо, на која било дискутирано за проблемите и предизвиците со кои се соочува ромската заедница, а воедно биле презентирани и идните активности во чии рамки можна е поддршка од оваа пријателска земја