Македонија 26. октомври 2020. / 12:40

Кичеец примен во затворот во Струга

Кичеец примен во затворот во Струга

Горан Милески Кичеец утрово се пријавил во Казнено поправниот дом (КПД) во Струга за отслужување на правосилната затворска казна од три години на која е осуден во случајот „Рекет“.

Од Управата за извршување санкции ова го потврдија за „360 степени“, односно дека во моментов се врши прием на осудениот во приемното одделение.

Пред десетина дена Кичеец доби упатен акт од Основниот суд во Охрид. Претходно тој околу 8 месеци беше во притвор, период кој влегува во пресметувањето на казната.

На 15 јули 2019 заедно со Бојан Јовановски – Боки 13, беше уапсен како осомничен во истрагата за „Рекет“