Македонија 15. јули 2019. / 22:56

Кичеец доби 30 дена притвор

Кичеец доби 30 дена притвор

Бизнисменот Зоран Милески Кичеец поради рекет на бизнисмен, вечерва доби 30 дена притвор неофицијално дознава Сител од извори во Судот, пренесува Сител.

Одлуката се очекува судијата за претходна постапка да ја објави во писмено соопштение по завршувањето на сите истражни дејства. Зоки Кичеец е второосомничен во случајот во кој Бојан Јовановски познат како Боки 13 се товари за рекет од 1.5 милиони евра изнудени од познат скопски бизнисмен.

Кичеец и Боки од рано попладнево се приведени. Боки “падна” на Богородица, а Кичеец во скопски ресторан.