Двајца вработени во бифето во Министерството за внатрешни работи утрово се потврдени за позиитивни на Ковид-19.
Станува збор за келнери кои служеле кафиња и пијалоци во кабинетите на дополнителната заменичка-министер, Славјанка Петровска и на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, .
Како што велат од МВР, тие последен пат биле на работа во петокот.
Имајќи предвид дека келнерите имале близок контакт со функциониери на СДСМ во МВР, се поставува прашањето дали дополнителниот заменик министер и директорот на БЈБ ќе одат во изолација и дали преземале мерки за изолација од останатите вработени?