Македонија 08. ноември 2018. / 17:16

Кејт Брнс ќе биде новата амбасадорка на САД во Македонија назначена од Доналд Трамп

Кејт Брнс ќе биде новата амбасадорка на САД во Македонија назначена од Доналд Трамп

Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп има намера да ја номинира Кејт Брнс за нов американски амбасадор во Република Македонија.

Станува збор за дипломат од кариера и таа сега е заменик шеф на мисијата на САД во Атина.Претходно беше заменик шеф на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.Пред да биде официјално назначена за амбасадорка во Скопје, именувањето на Брнс треба да биде одобрено во Сенатот.

Актуелниот американски амбасадор во Скопје Џес Бејли беше потврден во Сенатот во декември 2014 година.