Македонија 13. март 2020. / 17:53

Казни за сите што ќе ги прекршат мерките за превенција од ширење на коронавирусот

Казни за сите што ќе ги прекршат мерките за превенција од ширење на коронавирусот

Владата на седница покрај усвоените заклучоци, мерки и препораки во функција на преземање дополнителни активности за превенција од ширење на коронавирусот Ковид-19 го усвои заклучокот да се спроведуваат препораки за казнивост согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои ги прекршуваат донесените решенија од страна на Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат, и да се процесуираат до Јавното обвинителство за да постапи согласно законски утврдени надлежности.

Како што соопшти владината прес-служба, се задолжуваат и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд да ги преземат сите мерки и активности од своја надлежност за спроведување и операционализирање на сите мерки, препораки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот.