Полицијата спречила вербалниот конфликт меѓу Јордан Камчев и Бојан Јованоски да прерасне во физичка пресметка, откако претходно Јованоски со повишен тон довикувал навредливи зборови.
Инцидентот се случил на влезот на Кривичниот суд пред денешното рочиште за случајот „Рекет“
Полицијата спречила кавгата да премине во физичка пресметка и не му дозволила на Камчев и физички да се пресмета со Боки 13.
По инцидентот Боки 13 се пожалил дека по инцидентот не е во состојба да биде присутен на рочиштето, но рочиштето се одржало.
Зад затворени врати сведочеше обвинителката Ленче Ристоска која беше повикана во својство на сведок од страна на одбраната на екс шефицата Катица Јанева.
Одбраната на Јанева побарала јавноста да биде исклучена бидејќи обвинителката Ристоска во сведочењето може да каже деловна тајна.