Македонија 31. мај 2018. / 12:06

Катимерини: Црквата на ФИРОМ се откажува од идентитетот – „македонска“

Катимерини: Црквата на ФИРОМ се откажува од идентитетот – „македонска“

Православната христијанска црква на поранешната југословенска Република Македонија (ФИРОМ) побара од Вселенската Патријаршија да ја приклучи во своите редови – потег што се смета дека има значајно влијание врз тековните разговори за името помеѓу Скопје и Атина, пишува катимерини.

Според соопштението објавено вчера, Светиот синод на Вселенската Патријаршија треба да се изјасни околу барањето од раководството на црквата во Македонија да биде воведена под името “Охридска архиепископија”, бидејќи планира да се откаже од својот идентитет како “Црква на Македонија”, се вели во текстот објавен во електронското издание на грчкиот весник катимерини.

Како што пишува во текстот, барањето било писмено испратено од премиерот, Зоран Заев, до Вселенскиот Патријарх, Вартоломеј, духовен водач на светските православни христијани.

Таквите наводи се потврдени и од страна на грчката Влада, преку одговор на Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас до опозицијата во кое се вели:

„Единствено што постои до овој момент е одлуката на Светиот синод на Вселенската Патријаршија да се спроведе потребното за да се задоволи барањето на премиерот на ПЈРМ за бришење на терминот „Македонија” од името на црквата на нашите северни соседи“.