Македонија 13. јуни 2020. / 19:45

Катица Јанева со полициска придружба на погребот на нејзиниот татко

Катица Јанева со полициска придружба на погребот на нејзиниот татко

Обвинетата екс-главна обвинителка на СЈО, Катица Јанева која е во домашен притвор и ја чека пресудата за случајот Рекет, денеска со полициска придружба била спроведена во родниот град Гевгелија на погреб на нејзиниот татко Костадин Делиџаков, долгогодишен судија и претседател на судот во Гевгелија до неговото пензионирање.

Минатата година кога беше во притвор, на Јанева и почина мајката и обвинителката се согласи да и биде овозможено да присуствува на погребот.

Денеска Јанева добила согласност да биде спроведена и на погребот на нејзиниот татко.

Пресудата за Рекет најавена е за четврток, 18-ти овој месец.