Македонија 03. јуни 2020. / 18:27

Катица Јанева се соблече по долна облека во Заводот за ревизија

Катица Јанева се соблече по долна облека во Заводот за ревизија

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која денеска од куќен притвор била спроведена во Државниот завод за ревизија да даде изјава за надоместоците што се земаа во Специјалното јавно обвинителство, наместо изјава се соблекла таму во долна облека.

Поради однесувањето на поранешната обвинителка бил направен записник и констатиран прекршок кој одбила да го потпише и прими.

Според информациите од МВР, Јанева била донесена во Заводот за ревизија во 10.30 часот.

Веднаш откако започнал официјалниот работен состанок со претставници на ДЗР во сала бр.03 горенаведената по чл.4 од ЗППЈРМ го наруши јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување на јавно место на тој начин што во еден момент ја соблекла својата облека и останала да присуствува во салата по долна облека во присуство на повеќе лица и истата одбила да даде било каква изјава во врска со настанот – велат од МВР.