Македонија 14. септември 2020. / 21:15

Катица Јанева префрлена да го служи домашниот притвор во семејната куќа во Гевгелија

Катица Јанева префрлена да го служи домашниот притвор во семејната куќа во Гевгелија

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева од Скопје се врати во родната Гевгелија, објави Канал 5.

Таму Јанева ќе остане во куќен притвор во семената куќа до правосилност на пресудата за случајот Рекет за кој доби 7 години затвор.

Апелациониот суд не ја пушти на слобода како што бараа нејзините адвокати, но не го прифати ниту барањето на обвинителката Вилма Русковска, Јанева да биде вратена во Шутка во притвор поради опасност од бегство поради високо изречената казна.

Додека се чека Апелација да закаже седница по жалбите за случајот Рекет, следно рочиште по тужбата на Јанева против Боки 13, во која го тужи Боки за неовластено снимање, е закажано за 19 октомври.

Одржувањето на тоа рочиште ќе зависи од здравствената состојба на Боки 13.