Специјалната обвинителка Катица Јанева барала предметите „Империја“ и „Поштенска банка“ да се затворат со пари и никој да не оди во затвор, откри денеска јавната обвинителка од СЈО Лиле Стефанова, пишува Република.
Во нејзининото соопштение за јавноста, Стефанова вели дека на 16 април 2019 година во канцеларијата на Јанева бил одржан состанок, на кој специјалната обвинителка изнела одредени одлуки пред присутните обвинители, а кои се однесувале на дејствија во предметите „Империја“ и „Поштенска банка“.
-Конкретно, ни беше наложено, најкасно до 06 мај 2019 година, до неа да доставиме писмени извештаи за штетата во двата предмет кои осомничените треба да ја платат на државата, по што предметите „ да бидат тука затворени“ и осомничените „да не одат во затвор“. Меѓутоа, јас и обвинителот Бурим Рустеми изготвивме писмени извештаи во кои покрај износите на штетата, ги наведовме и можните затворски казни согласно Кривичниот законик во случај на спогодување со јавниот обвинител. Дополнително, за предметот „Империја“ потенцирав дека е во многу рана фаза за евентуално спогодување и дека истрагата треба да продолжи во следниот период, вели Стефанова.