Македонија 14. октомври 2019. / 15:04

Катица и Боки 13 нежни со здравјето-првата си оди, другиот в болница

Катица и Боки 13 нежни со здравјето-првата си оди, другиот в болница

Кривичниот суд повторно треба да одлучува по понудената гаранција од поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, со која бараше да се брани од слобода, одлучил Апелациониот суд, јавува „Фокус“.

– Судијата на претходна постапка го отфрлил барањето без да се впушти во оценка на истотот, иако во меѓувреме се смениле некои околности, на пример беше поднесено обвинение. Затоа го враќаме назад во Кривичниот совет за да одлучи мериторно, изјави судијата Сафет Кадриу.

Кривичниот совет нема рок во кој би требало да одлучи, но со оглед дека станува збор за притвор, одлуката би требало да биде брзо донесена.

Катица Јанева, по поминатиот продолжен викенд во болница, попладнево треба да се врати во истражниот затвор Скопје во Шутка.

Од друга страна, пак, Бојан Јовановски алијас Боки 13, првоосомничен во аферата „Рекет“, денеска повторно имал проблеми со здравјето и тој бил однесен во болницата „8 Септември“. Боки 13 се жалл дека му се слошило и дека има проблеми со жлудникот.