Македонија 28. октомври 2019. / 21:11

Касами подготвен да коалицира со партијата на Села

Касами подготвен да коалицира со партијата на Села

Лидерот на Беса, Билал Касами, во емисијата 10 минути на ТВ 21 изјави дека е подготвен да коалицира со Алијанса за Албанците на Зијадин Села.

Според Касами, причината е тоа што опозициските партии се поблиски.

Би сакале предизборна коалиција за да биде сигурен опозицискиот глас дека конечно ќе дојде до промена во Северна Македонија, но ако нема таква соработка, и по изборите сигурно би сакале некаква соработка со Алијансата за Албанците. Како опозициски партии сме поблиски до нив – вели Касами за ТВ21.