Македонија 16. јули 2020. / 14:05

Карл Билт: Ќе следат долги преговори за формирање владина коалиција во Македонија

Карл Билт: Ќе следат долги преговори за формирање владина коалиција во Македонија

Поранешниот шведски премиер и специјален пратеник на ОН за Балканот, Карл Билт, на Твитер напиша дека по вчерашните избори во Македонија ќе следат долги прговори за владина коалиција, која, според него, најверојатно ќе биде верзија на досегашната.

Претпоставувам дека ќе следат долги преговори за коалиција, но најверојатно ќе видиме верзија на сегашната влада и во текот на следните неколку години, како резултат на вчерашните избори – пишува Билт.