Македонија 19. ноември 2019. / 17:55

Катица Јанева целосно маскирана и скриена во полициска јакна го напушти затворот Шутка

Катица Јанева целосно маскирана и скриена во полициска јакна го напушти затворот Шутка

Пред малку притворената Катица Јанева од затворот Шутка е пренесена во куќен притвор. Маскирана целосно скриена во полициска јакна таа не изусти ни збор. Решението го донесе Апелациониот суд во Скопје и дозволи куќен притвор без гаранција иако таа имаше понудено имот, пренесува Досие.

За десетина дена таа ќе треба да биде доведена во Кривичниот суд на закажано прво рочиште за случајот Рекет во кој е обвинета заедно со Боли 13. Неговото присуство е неизвесно оти според неговиот адвокат Бојан е во многу тешка здравствена состојба.