Македонија 24. септември 2020. / 10:50

Каракачанов со нова закана кон Македонија

Каракачанов со нова закана кон Македонија

Актуелниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, со нова закана кон Скопје.

Ќе кажеме дека не е време да се закаже прва меѓувладина конференција“, изјави Каракачанов, нагласувајќи дека „зборува во име на владата, пренесува Дојче Веле.

Каракачанов вели дека Бугарија нема што да менува во својата политика.

Во октомври минатата година Бугарија многу јасно изјави дека ако не се почитува Договорот за пријателство меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија од 2 август 2017 година, ќе се спротивставиме на закажувањето на првата меѓувладина конференција, изјавил бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов за ТВ „Европа“.

Според Каракачанов, поранешниот министер за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, три години не сторил ништо за подобрување на билатералните односи.

„Бугарија треба да се спротивстави на првата меѓувладина конференција, ако се придржува кон националните и европските интереси. Пред неколку дена, Драги Ѓоргиев (копретседавач на заедничката Комисија за историски и образовни прашања) беше груб.

Овие луѓе немаат намера да водат искрен дијалог со Бугарија. Тие мислат дека можат да ги прикријат работите. Тие замислуваат дека некој во Брисел или низ целиот свет ќе ја притисне Бугарија и ние ќе клекнеме. Очигледно, тие не разбраа што е ЕУ и како работи. Имаа три години да се превоспитаат“, изјавил Каракачанов.