Тврдењето на професорот Денко Малески, дека Гоце Делчев и Крсте Петков – Мисирков се Бугари, наидоа на одобрување но и со зајадливи коментари, објави Канал5.
Во првиот официјален став во Софија се наведува пофалба до професорот Малески од странa на буграскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов кој вели дека Малески со признавањето на идентитетот на Делчев и Мисирков, направил „ научно откритие “. Дополнително, Каракачанов навестува нова провокација со најавата дека бугарите и Македонците ќе бидат еден народ како во минатото.
Јас, се разбира, сметам дека не само што сме биле туку и продолжуваме да бидеме еден народ – макар и на сила разделени. И не само тоа, верувам дека не е далечен денот кога повторно ќе бидеме заедно , и дека таму каде што течело повторно ќе тече“ – пишува Каракачанов.