Македонските власти живеат со комплексите на антибугарство. Ова го изјави заменик премиерот на Бугарија и министер за одбрана, Красимир Каракачанов кој веќе имаше неколку скандалозни изјави периодов.
-Македонија е единствената земја која во својот државен грб, својата химна и Устав, се потпира на постулатите на Коминтерната и на Тито. Од таму целиот отпор да се воспостави нормален човечки однос со Бугарија. Ние нема зошто да се делиме. На двете страни од границата се наоѓаат истите луѓе кои претежно зборуваат бугарски, зборуваат ист јазик, колку и да се прават обиди изминативе 73 години да се одалечат од бугарскиот јазик и да се претстават како нешто друго – вели тој пренесе Фокус.
Според него, политиките на македонските власти по распадот на Југославија не водат кон создавање на посебен идентитет, туку кон уништување на бугарскиот.