Македонија 20. октомври 2020. / 20:33

Каракачанов: Доколку е потребно, ќе испратам полк за да ги урне спомениците во Скопје

Каракачанов: Доколку е потребно, ќе испратам полк за да ги урне спомениците во Скопје

Во интервју за „Дарик радио“, министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов го повтори ставот дека Македонија мора да се придржува до договорот со Бугарија потпишан пред три години.

Каракачанов истакна дека Договорот јасно кажува дека фалсификатите во врска со историјата мора да се расчистат.

-Буквално вчера тие одбија да работат во заедничката комисија. Тие го слават
националниот празник на 11 октомври против таканаречениот „бугарски окупатор“ – изјави Каракачанов во интервјуто.

Тој побара во Македонија да се отстрануваат споменици што не соодветствувале со бугареското сфаќање за историјата.

-Доколку е потребно, ќе им го испратам инженерскиот полк да ги отстранат сите споменици, кои не одговараат на историските факти, изјави Каракачанов.