На почетокот на втрото полугодие ќе бидат проверени вакциналните картони на учениците од основните училишта и сите коишто немаат примено вакцина против мали сипаници ќе бидат вакцинирани, рече во изјава за Алсат Прим. Д-р. Жарко Караџовски, специјалист епидемиолог во Институтот за Јавно здравје на Република Македонија.
Караџовски повтори дека единствена заштита од заболувањето е вакцината и токму затоа медицински екипи ќе почнат да спроведуваат вакцинација низ училиштата.