Македонија 18. април 2019. / 17:49

Кандидатот за претседател Блерим Река вечерва го одржува централниот и последен митинг во Тетово

Кандидатот за претседател Блерим Река вечерва го одржува централниот и последен митинг во Тетово

Кандидатот за претседател Блерим Река вечерва го одржува централниот и последен митинг во Тетово. За разлика од другите претседателски кандидати, Река на својата агенда имаше само 6 поголеми митинзи, а со вечерашниот последен ја заокружува презентацијата на својата кандидатура за прв човек на државата.

Во фокусот на Река на изминатите митинзи беа неколку точки – се осврна на масовното иселување на младите од државата, евроинтеграциите на државата кои смета дека нема да започнат во политизирана држава, владеење на правото кое смета дека не постои, непотизмот кој се шири во круговите на функционерите, селективна правда, но акцентот му е постојано на мултиетничноста на државата – вели дека доколку ја добие довербата од граѓаните ќе се залага сите да добијат еднаков третман, без разлика на етничката припадност. Под мотото „Река за Републиката“, вечерва во Тетово од бината ќе се обратат самиот кандидат Блерим Река, но и двајцата претседатели на политичките партии кои го поддржаа – Зијадин Села од Алијанса за Албанците и Билал Касами од Движењето БЕСА. Митингот почнува во 20 часот.